Тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.Л.Т.(18) од Тетово поради кражба на автомобили.
„Ноќта помеѓу 30 и 31 јануари во Тетово, пријавениот одзел две заклучени паркирани возила „фолксваген голф“ и „мерцедес“, а исто така, одзел и едно незаклучено паркирано возило „мерцедес“, соопшти МВР.
Возилата се пронајдени и вратени на сопствениците.