Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на неговата партнерка

5-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шеесет и едногодишниот Г.С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Б.П. кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.


До несреќата дошло откако Македонецот со неговата партнерка биле во посета на нејзина пријателка која живеела во соседството на поранешниот сопруг.

Г.С. во еден момент го удрил Б.П. по што Македонецот паднал со глава на земја и набргу потоа починал.

Како што пишуваат српските медиуми, Г.С. бил рзведен повеќе од една година а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б.П.

На Г.С. му е одредена мерка притвор до 48 часа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK