Денеска во 05.00 часот, полициски службеници од Единциата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот А.М. од Скопје. Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55-годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл, сопственост на неговата мајка, извести МВР.
Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите. А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.