Бајден: Ако Трамп победи, тоа е реална опасност за безбедноста на Америка

bajden34.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју изјави дека неговиот претходник во Белата куќа, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, е реална опасност за безбедноста на Америка доколку биде избран на 5 ноември.



„Слушајте ме внимателно. Ако победи на тие избори, гледајте што ќе се случи. Тоа е опасно. Тој е вистинска опасност за безбедноста на Америка“, изјави Бајден за „Си-би-ес“.

Бајден се повлече од претседателската трка и ѝ го отстапи местото на потпретседателката Камала Харис.

„Се наоѓаме на пресвртница. Навистина сме на пресврт… а демократијата е клучен елемент“, додаде Бајден во разговорот снимен пред неколку дена во Белата куќа.

Тогаш изгледаше подобро отколку на дебатата со Трамп на „Си-ен-ен“ на 27 јуни.

„За време на таа дебата имав навистина, навистина лош ден бидејќи бев болен, но немам никакви сериозни здравствени проблеми“, изјави тој на новинарот на „Си-Би-Ес“ на прашањето за тоа.

Три недели по неговиот катастрофален настап во дебатата, Бајден на 21 јули објави дека се повлекува од изборната трка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK