Крадец турнал жена за да и’ го земе паричникот, во болница е

nguoi-chua-du-18-tuoi-co-phai-chiu-trach-nhiem-hinh-su-ve-toi-trom-cap-tai-.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во кумановската полиција  било пријавено од С.И. (68) дека додека се движела низ градот, едно лице се обидело да и го одземе од рака нејзиниот паричник.


Кога крадецот не успеал во намерата, ја турнал на земја и го напуштил местото на настанот.

С.И. од падот се здобила со повреди, констатирани во Градската општа болница Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK