ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ е во паника затоа што зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивни поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да градат кај ќе стигнат

vmro-dpmne-zgrada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не знаеме што ги мотивира ДУИ да зборуваат за урбана мафија кога се зборува за одговорност на нивни функционери, но очигледно си ја бркаат мувата од капата. Ова соопштение на ДУИ е како народната поговорка – ем шуто, ем боде, реагира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.



„ДУИ е во паника зошто зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивни поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да градат кај ќе стигнат.

Кога ДУИ зборува за урбана мафија дали заборава на зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери и Пуцко Петрол?

7 години ДУИ ја држи урбаната мафија. Нема фирма која што гради, а да не е на некој начин поврзана со ДУИ.

7 години ДУИ направи градежен хаос и во Скопје и низ државата.

ДУИ е во паника зошто нивните олигарси, како зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивну поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да дивеат како што замислувале.

Нема повеќе дивоградби на Шар Планина, ниту пак на други места.

А кога сме кај урбаната мафија нема веќе и Артан Груби да договара подизведувачи на патишта.

Одговорност за се ќе има. ДУИ се што украле од народот ќе треба да вратат. Додека тие ја оставија државата ограбена, децата и од Тетово и од Штип се иселуваа. Тоа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту народот ќе им го прости“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK