Се’ уште трае потрагата по исчезнатиот Исмаил Муратов (35) од селото Дорфулија во општина Лозово.
Полицијата со службено куче и вклучени 50 жители, со часови во текот на вчерашнинот ден активно трагала по лицето кое било пријавено за исчезнато, а потрагата продолжила и денес.
Градоначалникот Бошко Цветковски објави дека Муратов бил видел последен пат видел завчера, вечерта околу 20.30 часот, во близина на базентот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.
Теренот бил пребаран, а најдени биле торба со храна и вода за која се претпоставува дека се негови, но од човекот нема глас.
Градоначалникот побара помош од сите кои сакаат да учествуваат во потрагата.