Несекојдневен настан се случил вчера на регионалниот пат кон Струмица.
Триесет и едногодишна струмичанка пријавила дека додека се движела со своето патничко возило „фолкваген пасат“, едно лице кое управувало патничко возило “фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки се обидел да ја отвори нејзината возачка врата.
Од МВР велат дека со тоа ја загрозил нејзината сигурност и сигурноста на нејзините две малолетни деца.
Не е познато што претходело на настанот и дали двајцата се познавале од претходно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.