Владата ја разреши ревизорката Верзиволи, на нејзино место именуван е Арбен Рамадани

vlada-mickoski-2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Афрона Верзиволи е разрешена од вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, соопшти Владата по денешната седница.


На нејзино место именуван е Aрбен Рамадани за в.д. главен ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

„Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа“, објави Владата.

Иван Игњатов се именува за в.д. заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е Доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.

Разрешувањето на Верзиволи се случи под притисок на јавноста откако стана извесно дека таа нема соодветни квалификации, ниту пак лиценца за ревизор, а претходно работела на шалтер во банка. Коалицијата „Вреди“ на чијшто предлог дојде Верзиволи  на оваа позиција, вчера најави дека смената е времена додека таа да го добие сертификатот, за да се запазат строгите критериуми на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK