Романската гимнастичарка Ана Барбоса сепак го освои бронзениот медал во вежбата на партер.
Барбоса заврши како трета, започна да слави, но 30 секунди подцна судиите објавија дека ја прифатиле жалбата од американскиот тим и дека бронзата и припаѓа на Џордан Чилес. Романката во солзи ја напупти салата.
Романците потоа поднесоа жалба до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој е задолжен за доделување медали.
Во меѓувреме, Судот за спортска арбитража (CAS) го прифати оригиналниот редослед на натпреварувачите, па бронзата сепак и припадна на Романката.
Но, како што стојат работите циркузот што го направија судиите на натпреварот допрва почнува. Чилес, пред неколку дена се врати во САД и прашање е дали ќе ја врати бронзата.
Да потсетиме, златото и припадна на Бразилката Ребека Андраде, а среброто на легендарната Симоне Бајлс.