Американецот одби да го подели златото, па остана без него

Untitled-2-7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жестока борба и голема драма донесе финалето во скок во височина на Олимписките игри во Париз.


 

Пред три години во Токио, златниот медал во оваа дисциплина го поделија Италијанецот Џанмарко Тамбери и Мутаз Еза Баршим од Катар, а тоа беше една од најубавите приказни на тие игри.

Сличен епилог можеше да има и финалето во Париз. Американканецот Шелби Мекјуен и Новозеланѓанецот Хамиш Кер беа единствените кои прескокнаа 2,36 метри и имаа идентични претходни резултати во финалето.

На 2.38, двајцата три пати имаа неуспешни скокови. исто се случи и пред три години во Токио. Раликата е во тоа што Американецот, сигурен во себе, одби да го дели златото.

Бидејќи и двајцата беа уморни и на крајот од силите, височината беше спуштена на 2,34.

Шелби Мекјуен на успеа да прескокне, но успеа Хамиш Кер кој стана нов олимписки шампион.

Дефинитивно ова беше најнеизвесното и најлудото финале во скок во височина во историјата на Олимпијадата.

Споменатиот шампион од Токио, Мутаз Еза Баршим, го освои бронзениот медал со 2,34 и стана првиот во оваа дисциплина со четири олимписки медали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK