Ќерката на Имер Имери до Ахмети: Немате право да ги приватизирате придобивките од Охридскиот договор

thumbnail_Saranda-Imeri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Kоалицијата „Влен“ ја обвини Демократската Унија за Интеграција дека обидува да го приватизира Охридскиот договор, со тоа што избира да прави приватна прослава, а не да присуствува на заедничкото одбележување на 23-годишнината од потпишувањето.


По тој повод на прес-конференција се обрати пратеничката од „Влен“ Саранда Имери, којашто е ќерка на Имер Имери – еден од потписниците на договорот. Пратеничката рече дека  за неа Договорот претставува многу повеќе од политички документ. Тоа е наследство на една генерација која се борела за подобра иднина и заедничко општество.

„Чувствувам огорченост кога гледам како еден датум кој треба да не обедини се користи за тесно партиски интереси. Веднаш откако официјално ги испративме поканите, меѓу кои и онаа до ДУИ, Али Ахмети одлучи со приватна прослава да го девалвира државното и институционално одбележување на денот на потпишување на Охридскиот Рамковен Договор. Во името на ликот и делото на мојот татко, ја користам оваа прилика да му се обратам лично на господинот Али Ахмети. Никој нема право да ги приватизира придобивките за Албанците од Охридскиот Рамковен Договор. Затоа, апелирам до вас, да не правите поделби меѓу нашиот народ. Сите ние треба да го одбележуваме овој ден со почит. Намерите ви се провидни и однапред прочитани“, рече Имери.

Како што додаде, албанскиот патриотизам не смее да се стави во функција на одбрана на криминал и нечесни политичари.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK