Сопругата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ важи за дама со стил.
Таа со своите аутфити редовно е инспирација за другите жени, а особено ја обожаваат поради умереноста и природниот изглед кој го негува со години.
Јелена најчесто ја гледаме дотерана, а нејзините фотографии во костим за капење се вистинска реткост.
Таа во една прилика на својот Инстаграм објави прекрасен момент од плажа со што ги воодушеви нејзините следбеници.
View this post on Instagram
Наследникот Стефан Ѓоковиќ ја фотографираше својата мајка видно среќна и насмеана на плажа, а Јелена го опиша овој момент:
– Стефи сега е во фаза кога сака да слика, а не само ние да го сликаме. Тој отсекогаш бил ѕвезда, а сега сака да ја држи камерата. Кога ја фотографира мама, мама е најубава на светот! Додуша, можете да видите само некои делови од мене бидејќи кога слика, слика прст, рака, една нога, песок… и така натаму, напиша таа и ги насмеа луѓето.