Ева Лонгоријаго привлече вниманието на фотографите додека уживаше на плажа во Шпанија со пријател. 49-годишната актерка беше фотографирана во бикини и ги воодушеви фановите со својот изглед.
Носеше шарен костим за капење и капа, а по уживањето на морето се освежи со шолја ладно кафе. Инаку, убавата актерка претходно беше фотографирана како ужива на плажа со сопругот Хозе Бастон и нивниот син Сантијаго Енрике.
Актерката кон крајот на април се пресели во Шпанија со сопругот и синот, но според извори, нивното преселување не е трајно.
„Таму ќе поминува многу време бидејќи има проекти за цела втора половина од годината“, изјави тогаш анонимен извор. Инаку, Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела, која ја купи со сопругот на почетокот на 2023 година.