Медведев: Специјалната воена операција сега треба да го вклучи и заземањето на Киев

w_57430228-e1666683996915-920x560.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека „специјалната воена операција треба да добие отворено екстериторијален карактер“ и „меѓу другото да го вклучи и заземањето на Киев“, коментирајќи го нападот на украинските вооружени сили во областа Курск во кои беа повредени 31 лице, меѓу кои и шест деца.



„Ова веќе не е само операција за враќање на руските официјални територии и казнување на нацистите“, напиша Медведев на Телеграм и додаде дека „можно и неопходно е да се оди“ во „Одеса, Харков, Днепропетровск, Николаев, Киев и пошироко“.

Според неговите зборови, не треба да има ограничувања во однос на одредени признати граници на „украинскиот рајх“, и дека сега за тоа може и треба да се разговара отворено, без срам и дипломатски поклонувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK