12-годишно момче во Косово нашло 2.500 евра и ги предало на полицијата

6-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дванаесетгодишно момче во Скендерај во полициска станица предало паричник со пари и документи кои ги нашол на улица.


Б.А е добар пример за граѓанин, се вели во соопштението на косовската полиција.

„Добар пример за дванаесетгодишниот граѓанин Б.А од Скендерај, кој вчера вечерта пронашол паричник кој веднаш го предал во Полициската станица во Скендерај“, соопштија од полицијата.

Полицијата ја проверила документацијата во паричникот и утврдила дека покрај важната документација во паричникот имало и парична сума од 2500 евра.

„Полицијата го идентификуваше и верификуваше лицето на кое му припаѓал паричникот и му го врати со парите и документацијата“, соопштија од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK