(Видео) Два нови пожари ги вознемирија жителите на Ајватоци и Бунарџик, испратена е екипа пожарникари од Скопје

5-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два нови пожари кои денеска избувнале кај селата Ајватовци и Бунарџик регионот Скопје предизвикале силна вознемиреност кај граѓаните, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.


Таму итно заминала екипа на скопската противпожарна бригада, која претходно успеала да го изгасне пожарот кој избил на стрелиштето „Камник“ под ресторанот за свадби.

Денес до 15:30 часот на територијата на државата има 23 огнени стихии на отворено, но овој број нема да биде конечен бидејќи попладнево сигурно ќе се се појават нови пожари, додаде Ангелов.

 

Во справувањето со огнот учествуваат повеќе воздухоплови, хеликоптери, „ертрактори“, а на местото е присутен и тимот од Унгарија.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK