Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е во посета на Кина по покана на кинеското МНР, вчера оствари состанок во Џангџоу со Владата на Хенан (провинцијата која брои речиси 100 милиони жители и буџет од над 3 трилиони долари).
Мециновиќ информира дека постои интерес во Хенан за увоз на македонско сортно вино и пласирање на истото на нивниот пазар, велат од Левица.
„Од провинцијата Хенан потекнува кинеската цивилизација. Денес, провинцијата ја храни Кина како земјоделски, така и индустриски.
Оттука потекнуваат скопските Јутонг автобуси, но и останати големи фабрички капацитети за производство, како оние за BYD автомобили“, соопшти Левица.