Ди Џанантонио официјален возач на Дукати во ВР46

1723029920-Fabio-di-DJanantonio.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот мотоциклист Фабио ди Џанантонио потпиша договор со Дукати според кој I во следните две сезони ќе вози за тимот ВР46.


Тимот на деветкратниот светски шампион Валентино Роси минатиот викенд потврди дека ќе стане официјален тим на Дукати, а според овој договор на располагање ќе имаат еден мотоцикл со најновите спецификации и еден од претходната сезона.

Еден од предводниците на актуелниот шампион, Давиде Тардоци, веднаш објави дека најновиот модел ќе оди кај Диџи, но тоа ВР46 ќе треба и официјално да го потврди.

Ди Џанантонио на тој начин доби договор директно со Дукати, како што беше случајот со Хорхе Мартин во Прамак. Меѓутоа, откако Прамак реши да се префрли на мотоциклите на Јамаха, местото на официјален партнер остана празно и тука влезе ВР46.

Се очекува Франко Морбидели наскоро да биде потврден како тимски колега на Диџи, што исто така значи дека Фермин Алдегер ќе му се придружи на Алекс Маркез во Гресини. Од претходно е познато дека тандемот на фабричкиот тим на Дукати ќе го сочинуваат Франческо Бања и Марк Маркез.

Ди Џанантонио е во кралската класа од 2022 година и досега има постигнато една победа, на минатогодишното Гран при на Катар и уште еден пласман на подиумот. Од почетокот на оваа сезона постојано е во топ 10, освен на трката во Германија која не ја заврши, што во моментов му носи осмо место во поредокот.

Следната трка од Мото ГП шампионатот е за Големата награда на Австрија, од 17 до 19 август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK