Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во Струмица

34396147_10212121394694499_2908732774053576704_n-1-800x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 20.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, 20-годишниот М.С. од село Добрејци, струмичко, управувајќи мотоцикл со струмички регистарски ознаки, паднал на коловозот, извести МВР.


„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник И.Г.(21) од Струмица, констатирани во Медицинскиот центар Струмица“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK