Се судрија трактор и „фолксваген шаран“ во Валандовско, тројца повредени

traktor-696x435.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 04.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на патот од село Јосифово кон село Пирава, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 533“ без регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот Р.М. од село Јосифово, валандовско и патничко возило „фолксваген шаран“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот Р.П. од Кавадарци, извести МВР.



„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „фолксваген шаран“ И.П.(69) од Кавадарци и сопатничка од тракторот Ѓ.М.(37) од село Јосифово, додека со телесни повреди се здобила уште една малолетна сопатничка од тракторот, констатирани во здравствена установа“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK