„Билд“: Најмалку пет ѕвезди на Баерн мора да си заминат

b6c2046c-22db-4f0a-b27f-38b00237fc4a.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Баерн Минхен е исклучително активен во летниот преоден рок. Баварците за тројца фудбалери потрошија 125 милиони евра.



Нови фудбалери на Баерн станаа: Мајкл Олисе за 53 милиони евра од Кристал Палас, играчот од редот за врска Жоао Палиња за 51 милион евра од Фулам и дефанзивецот Хироки Ито за 23,5 милиони евра од Штутгарт.

Хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ се врати од позајмицата во Баер Леверкузен, а блиску до трансфер е и Џонатан Тах, исто така од Леверкузен.

Билд пишува дека ниту еден од тие пет играчи „не е светска ѕвезда“, но би можеле да станат стандардни првотимци во тимот на новиот тренер Винсент Компани. Со оглед на големиот број на играчи во составот, германските медиуми посочуваат дека „во соблекувалната „врие“ од скапо платени репрезентативци од целиот свет“.

Баерн до крајот на преодниот рок ќе мора да продаде неколку играчи, а „Билд“ истакнува дека „треба да си заминат најмалку пет ѕвезди“.

Да потсетиме, клубот од Минхен минатата сезона не освои ниту еден трофеј. Тоа беше прва ваква лоша сезона по повеќе од една деценија и по неа, се чини, тимот ќе изгледа многу поинаку.

Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, најверојатно ќе се ослободи од неколку играчи. „Билд“, пишува дека „цела Европа знае дека тој мора да продава веднаш“ и дека тоа може да им ја намали цената на некои фудбалери.

Германските новинари веруваат дека петмина од овие играчи би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок:

Крила: Кингсли Коман, Серж Гнабри и Брајан Сарагоса
Централни играчи од средниот ред: Леон Горецка, Џошуа Кимих, Конрад Лајмер
Стопери: Матијс де Лихт, Ерик Даер, Ким Мин-џае, Дајот Упамекано
Бекови: Нусаир Мазрауи, Саша Бои, Алфонсо Дејвис

Воедно наведуваат дека треба да си заминат најмалку две крила, еден централен играч за врска, веројатно двајца стопери и еден од дефанзивците.

„Спортскиот директор не се оценува само според играчите што ги доведува, туку и според тоа што ќе добие за оние што ги продава. Тоа значи дека не смее да дозволи Кимих, Сане и Дејвис да си заминат бесплатно во 2025 година“, пишува „Билд“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK