Состојбата со пожарите ги надмина домашните ресурси, повеќето предизвикани намерно со палење на стрништа

pozari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата денеска на седница ја разгледуваше информација за состојбите со пожарите во државата, при што беше истакнато дека од 13 пожари, два се целосно изгаснати, четири се активни, а другите се под контрола. Најголем проблем предизвикува пожарот во близина на село Брезница, каде теренот е тежок и непристапен.


Во оваа насока беше нагласено дека пожарот кај Косел е под контрола, кај Пласница е изгаснат, изгаснат е и пожарот во делчевско, додека кај зелениковско Вражале е под контрола.

Посочено е дека поминат е исклучително тежок период минатите 10 дена, со 66 нови пожари. Само во месец јули регистрирани се дури 620 пожари.

Беше потенцирана и брзата реакција од Владата, дека по првите поголеми пожари за само неколку часа е прогласена кризна состојба, а се одговори и на барањето за вклучување на Армијата со помош за справување на состојбата. Со тоа, дејствувано е во најкус рок и во тој рок е делувано оперативно на највисок степен. Нагласено беше и дека состојбата ги надмина домашните ресурси, односно тие беа недоволни за справување со огнената стихија, и веднаш од страна на Владата беше побарана странска помош односно активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита, со оглед на тешката затекната ситуација и расположливите ресурси.

Се дискутираше и за штетите, но и за причините за толкав број на пожари. Како причини се наведува дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор, најмногу ненамерно, заради палење на стрништа, пасишта и меѓи. Во делот на намерно предизвиканите пожари, беше посочено дека преовладуваат криминални мотиви и има повеќе такви случаи кои се испитуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK