Кои се трите најзначаjни иновации во последната деценија што може да го сменат животот на подобро?

Photo Starlink
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сè додека овие пронајдоци се држат под контрола и не се злоупотребуваат, светот ќе го направат подобро место за живот.

Сведоци сме дека последната декада го смени човештвото. Иако во овие години не беа измислени парната машина, електричната енергија, компјутерот или интернетот, неколку неодамнешни пронајдоци носат потенцијал да го направат овој доста подобар, а животот на луѓето значајно полесен.


Starlink: Кога го гледаме на небото мислиме дека се вознемјани. Но Елон Маск успеа да направи голема револуција со проектот Starlink. Со овој пронајдок успеа да го прошири интерентот насекаде на земјхината топка. Вкупно ќе бидат лансирани речиси 12 илјади сателити, кои ќе обезбедат континуиран интернет во кој било дел од светот. Во моментов, бројот на Starlink претплатници веќе надминува три милиони луѓе во речиси 100 земји во светот.

Алтернативи на цигарите: Борбата против цигарите е сè погласна и видлива во јавноста.

Во последниве години, сè поголема популарност во борбата против цигарите добива принципот на „намалување на штети“, што подразбира дека ако некое лице не се откажува од тутунот и никотинот, решение можат да бидат помалку штетните алтернативи на цигарите, кои се тестирани, контролирани и научно докажани. Во Велика Британија, пушачите кои имаат потешкотии при откажување од никотинот и ритуалот, се насочуваат кон електронските цигари, во Јапонија, како алтернатива на цигарите, приматот го имаат уредите што го загреваат тутунот, а во Шведска локалното население веќе децении наназад масовно користи никотински производи за орална употреба. Како резултат на тоа, на пример, стапката на смртност во Шведска од болестите поврзани со пушењето е за 40 проценти помала отколку во другите земји на Европската унија, а стапката на пушење е намалена на 5 отсто. Овие изуми го подобрија животот и на оние кои не пушат, а се опкружени со пушачи, бидејќи ако нема тутунски чад, нема ни пасивно пушење.

Вештачка интелигенција: Велат ако не ја контролираме, ќе нè контролира. Кога компјутер во 1997 година го победи светскиот шампион во шах Гари Каспаров, човештвото го фати паника: дали компјутерите еден ден ќе станат како во најлошите сценарија на „Терминатор“.  Денеска преку ChatGPT, роботите кои имаат експресија на чувства, учат самите и светот се менува на големо. Како ќе се справиме со ова ќе покаже иднината. Но факт е дека додека секој пронајдок има контрола и не се злупотребува, светот ќе го направат подобро место за живот.

 
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK