Арсовска го разреши и најновиот директор на „Водовод“

danela-arsovska-4-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ е разрешен по половина година на оваа функција.


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски кој досега беше вработен во претпријатието.

Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.
Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.  

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK