Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија ја презела контролата врз селото Тимофеевка во областа Доњецк.
Во соопштението се наведува дека силите на групата „Центар“ го окупирале селото и дека заземале поповолни позиции, пренесува РИА Новости.
Агенцијата додава дека ова е седмо село над кое силите на групата „Центар“ воспоставиле контрола од 27 јули.