Прегазен велосипедист на регионалниот пат Скопје-Тетово, со тешки повреди пренесен во болница

Тешко-повреден-велосипедист-во-него-удрил-автомобил-од-Куманово.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, после крстосница со село Копаница, скопско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот Џ.А., удрило во велосипед управуван од 40-годишниот А.П., двајцата од Скопје, извести МВР.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK