Нападната американска база во Ирак, неколку војници повредени

napad-irak3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку лица се повредени во ракетен напад врз американските сили во воздухопловната база Ал Асад во Ирак, изјави претставник на американската одбрана.


„Можеме да потврдиме дека денеска имаше ракетен напад врз американските и коалициските сили во воздухопловната база Ал-Асад во Ирак“, рече претставникот.

„Првичните индикации се дека неколку американски војници се повредени. Персоналот на базата врши проценка на штетата по нападот“.

Нападот доаѓа во време на екстремно високи тензии на Блискиот Исток, додека САД се подготвуваат за иранска одмазда против Израел за убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија во Техеран минатата недела. Израел не го коментираше убиството на Ханија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK