Беатрис Чебет е олимписка победничка по трката на 5.000 метри на стадионот „Франција“ во Сен Дени. Атлетичарката од Кенија победи со резултат 14:28.56 минути.
Веднаш за Чебет во целта велезе нејзината сонародничката Фејт Кипјегон со секунда и четири стотинки заостанување. Сепак, таа го загуби среброто поради неспортски потег.
Судиите по прегледувањето на снимката ја дисквалификуваа бидејќи во текот на трката за рака ја повлече Етиопјанката Гудаф Цегај.
Here is the shove in question involving Faith Kipyegon and Gudaf Tsegay… pic.twitter.com/6C1qGijDh6
— Chris Chavez (@ChrisChavez) August 5, 2024
Холанѓанка со потекло од Етиопија, Сифан Хасан на тој начин го освои среброто „скокна“ на нејзино место со резултат 14:30.61 минути.
Третото место со нов рекорд на Италија и припадна на Наѓа Батоклети со време 14:31.64.
Чебет прв пат во кариерата освои злато на големите натпреварувања. Претходниот најголем успех и беше сребрениот медал пред две години на Светското првенство во Јуџин, додека лани беше трета на СП во Будимпешта.