Хрватска со повик до своите граѓани: Веднаш да го напуштите Либан

izrael-napad-hezb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи ги повика хрватските граѓани да го напуштат Либан, со што се приклучија на голем број земји кои претходно ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат блискоисточната земја поради очекуваната ескалација на конфликтот со Израел.



„Поради влошената безбедносна состојба, Министерство за надворешни и европски работи ги повикува хрватските граѓани да го напуштат Либан со комерцијални летови“, напиша Министерството на платформата Икс.

САД, Обединетото Кралство, Австралија, Франција, Канада, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Јапонија, Турција и Јордан се меѓу земјите кои веќе ги повикаа своите граѓани да ја напуштат блискоисточната земја.

Во своите повици, САД и Британија им порачаа на своите граѓани да ја напуштат земјата со било кој можен лет.

Меѓународната заедница очекува ескалација на досега само спорадичните прекугранични конфликти меѓу Израел и Либан, откако во Техеран беше убиен политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија, а во Бејрут беше убиен командантот на Хезболах Фуад Шукр.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK