Седумдесетгодишник од Врапчиште, гостиварско, се обидел со нож да нападне соселанец во неговиот двор, информираат од МВР.
Нападнатиот има 43-години, а засега не е познато што претходело на нарушените односи.
МВР против пензионерот поднесе кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Според информациите во денешниот полициски билтен, настанот се случил на 14 јуни.