Хуманитарен пункт за граѓаните од опожарените места во источна Македонија ќе биде отворен денес во Скопје.
Во моментот, најголема е потребата од конзервирана храна, душеци, ќебиња, чаршафи, перници, патки, oблека сочувана испрaна и сортирана на принцип машка или женска, големина и возраст. За Мебел , покуќнина и градежен материјал ќе има одделни соопштенија откако ќе завршат сите можни опасни состојби и чистење на теренот. Лекови и дезинфекциони средства веќе се собираат.
Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие.
Волонтерите ќе работат од 16 до 20 часот.
„Ако сакате да донирате во Скопје, но немате превоз да донесете, пишете во коментар од која населба сте -ние ќе ви вратиме на коментарот. Сите кои сакате да волонтирате или да помогнете со локален транспорт/ превземање на донациите пишете ни на официјалниот број или на Вибер. 070601068 “, стои во објавата.
Акцијата е во координација на Коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.