Нова фонтана на мини плоштадот во село Драчево

4-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нова фонтана го краси центарот на селото Драчево. Има форма на крст, осветлена е, а околу неа е извршена целосна обнова на зеленилото и хортикултурно уредување. Тука ќе биде поставена нова урбана опрема и детско катче, со што овој простор ќе биде пријатно место за релаксација и дружење.



-Следејќи ги нашите досегашни заложби за естетско уредување на јавните површини и создавање на функционални средини за нашите жители, креираме ново катче за одмор и релаксација во селото Драчево. Изградивме фонтана која дава нов лик на просторот и овозможува свежина во овие топли летни денови. Дополнително, новото детско катче кое ќе го изградиме тука дополнето со урбана опрема, ќе биде место каде децата ќе можат безбедно да си играат, придружувани од нивните родители, баби и дедовци. Продолжуваме со посветена работа и проекти кои секојдневно го унапредуваат квалитетот на живот на сите наши жители-истана градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK