Косовскиот премиер Албин Курти денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.
Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу за косовските медиуми изјавил дека Курти во Скопје ќе има билатерална средба со премиерот, Христијан Мицкоски, со кого ќе разговараат за билатералните односи, регионалната соработка и инфраструктурните проекти од интерес на Приштина и Скопје.
Од македонската Влада соопштија дека во рамки на посетата од 10:00 до 10:30 часот предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти.
„Предвидена е заедничка прес конференција на премиерите Мицкоски и Курти во Медија центарот на Владата“, стои во соопштението од „Илинденска бр.2.