Куршум погоди штипјанец во раката додека работел на нива

zalutan-kurshum-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Залутан куршум од ловџиска пушка заврши во раката на маж од Штип, кој работел во својата нива, во атарот на селото Долни Балван, општина Карбинци.


„А.М.(33) од селото Чардаклија, Штипско бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка“, соопшти МВР.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK