Tошковски и Ангелов во посета на село Немањици.
Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов го посетија опожареното светиниколско с. Немањици.
Притоа, неколку се уште вознемирени жители ги раскажаа своите траорни сведоштва за пожарот кој зафати неколку куќи во ова мирно овчеполско село како и за штетата која ја имаат претрпено.