Атлетико Мадрид го потврди трансферот на Серлот

GUEhvI3W0AAcT1y.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Атлетико Мадрид го заврши трансферот на Александер Серлот. Норвежанецот минатата сезона ја зашрши како втор најдобра стрелец во Примера со 23 гола.



Атлетико извиси за Артјем Довбик, Украинецот реши да ја прифати понудата на Рома кој му понудо поголема плата, но веднаш го реши проблемот. „Јорганџиите“ ја активираа откупната клаузула.

За трансферот на Серлот, Атлетико фиксно плати 32 милиони евра, а доколку бидат исполнети одредени бонуси Виљареал може да инкасира уште шест милиони евра.

Серлот е производ на Академијата Розенборг, 29-годишниот играч подоцна играше за Гронинген, Митјиланд, Кристал Палас и Гент, експлодираше во Трабзон кога постигна 24 гола во турската Суперлига во сезоната 2024/25. Следуваше трансфер во Лајпциг, каде не се снајде, поради што беше испратен на позајмица во Реал Сосиедад, а минатото лето Виљареал го откупи неговиот договор.

Атлетико во овој преоден рок за трансферите на Серлот и шпанскиот репрезентативец Робин Ле Норман потроши 66,5 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK