(Фото+видео) Торнадо ја погоди Шпанија

Screenshot-2024-08-03-191112.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Ел Торо, источна Шпанија, e забележано торнадо, што е исклучително ретко.


Шпанската метеоролошка агенција го нарече временскиот настан како торнадо, додека локалната метеоролошка страница објави дека дека станува збор за суперќелија.

Бурата се појави за време на екстремните временски услови кои следеа по неодамнешниот топлотен бран во Валенсија.

Регионот доживеа пад на температурите до 10 степени, придружен со екстремни временски услови вклучувајќи пороен дожд, град и силен ветер.

Градоначалникот на Ел Торо, Хозе Аренес, рече дека „нема голема штета“ во центарот на градот.

Што е „суперќелија“?

„Суперќелија“ е вид на грмотевици што предизвикува тешки временски услови како што се силен ветер, силен дожд и големи врнежи од град.

Тие се карактеризираат со длабока и постојана ротирачка нагорна струја наречена „мезоциклон“ и може да трае од два до четири часа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK