(Видео) Трајановски изврши увид долж трасата од автопатот Кичево-Охрид

Screenshot-2024-08-03-172614.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, денеска заедно со главниот надзор ГИМ,изведувачот Синохидро, подизведувачот Гранит,подизведувачот Илинден, професори од градежниот факултет, експерти од Кина и преставници од министерството за транспорт, извршија увид на косините каде се појавуваат свлечишта долж трасата од автопатот Кичево-Охрид


„Изминатиот период имавме неколку состаноци каде ги детектиравме проблемите и по денешниот увид ќе се предвидат решенија за критичните косини. Денес директно на терен ги согледуваме и останатите проблеми долж целата траса и потоа започнуваме со изнаоѓање на решенија за истите. Пробиени се околу 95% од трасата. Интензивно се работи на земјани работи (ископ и насип, изработка на клинови кај вијадуктите и пропустите, асфалтирање и др.), 145 пропусти се завршени, остануваат уште 14 пропусти за изведба, од вкупно 37 потпорни ѕидови, 27 потпорни ѕидови се завршени, а на 10 се работи, вкупно 28 вијадукти, на сите се завршени долниот строј и коловозната плоча, има 35 натпатници и потпатници“, нагласи Трајановски во објавата на фејсбук.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK