Српскиот голман Предраг Рајковиќ го договорил трансферот во Ал Итихад. Клубот од Саудиска Арабија се реши за српскиот голман откако не успеа да го донесе Бразилецот Едерсон од Манчестер сити.
Ал Итихад трасферот ќе го чини 11 милиони евра.
Српскиот голман успеа да ја наплати добрата сезона во Мајорка и добриот настап на Европското првенство.
Рајковиќ е третиот српски репрезентативец во Саудиска Арабија, од минатата сезона во Ал Хилал се Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.