(Фото) Драма во Италија: од удар на гром повредени најмалку три лица, со хеликоптер се пренесени во болница

Screenshot-2024-08-03-161753.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку три лица се повредени денеска, од кои едно потешко, кога гром удрил во плажа на италијанскиот јадрански брег, јавуваат медиумите.


Гром удрил на плажата кај Алба Адриатика, во регионот на Абруцо, пренесуваат медиумите и додаваат дека бројот на повредени може да достигне седум.

Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат спасувачи собрани околу жената на плажата.

Според италијанската агенција АНСА, повредените со хеликоптер биле пренесени во блиската болница.

Цивилната одбрана денеска предупреди на нестабилни временски услови во централниот дел на Италија со можно невреме и чести електрични празнења.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK