Николас Филкруг кариерата ја продолжува во Премиер лигата, тој официјално е нов фудбалер на Вест Хем.
Германскиот напаѓач пристигна во Лондон од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 27 милиони фунти.
31-годишниот фудбалер постигна 15 гола на 46 натпревари во неговата прва и единствена сезона во Дортмунд, на кого му се приклучи од Вердер Бремен за 12,6 милиони фунти минатото лето.
Филкруг исто така постигна два гола за Германија на ЕП 2024, каде Германија беше елиминирана од Шпанија во четвртфиналето.
Хулен Лопетеги, новиот тренер на Вест Хем, веќе го донесе капитенот на Вулвс Мак Килман за 40 милиони фунти, голманот Вес Фодерингам од Шефилд јунајтед и бразилското крило Луис Гиљермо за 25,5 милиони фунти од Палмеирас.