Ахмети до Вјоса Османи: Простете им, не знаат што прават

Европскиот-сојуз-за-промена-ДУИ-го-враќа-комунизмот-и-концептот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, реагираше по инцидентите на скопскиот аеродром кога од косовската претседателка, Вјоса Османи, било побарано да помине низ безбедносна проверка, на што таа не се согласила, а подоцна се вмешало и обезбедувањето на собранискиот спикер, Африм Гаши, кој според информацијата од МВР, турнал полициски службеник на аеродромот и се заканувл.



„Почитувана претседателке, многу ми е жал за неприфатливиот дипломатски инцидент и скандал на скопскиот аеродром и го осудувам во најостра можна форма. Јас црвенеам од нивниот срам и ги молам сите браќа и сестри во Косово, но и на нашите граѓани да им простат затоа што не знаат што прават. Кога не се срамат да газат врз сопствениот народ, врз демократската волја на граѓаните на избори и да се стават во вазална и сервилна служба на некој друг, носејќи ги Путин и Вучиќ во Влада, тогаш никој нема да ги прашува за што било и ќе не срамат секој ден, по неколку пати на ден“, се вели во реакцијата на Ахмети.

МВР вчера објави дека до инцидент дошло додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, поминувала гранична конторла пред нејзиниот лет.

Кога од неа било побарано да го остави телефонот и да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнало вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.

„По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнало да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. Притоа турнало и полициски службеник вработен на граничниот премин“, велат од МВР.

Кабинетот на Вјоса Османи, пак, соопшти дека спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром ја нападнало и се обидело да и го земе личниот телефон на претседателката, но таа не дозволила.

Кабинетот нагласува дека од безбедносни причини не е дозволено предавање на личниот телефон на кој било начин. Обвинуваат за арогантно и насилничко однесување на службеникот на скопскиот аеродром, коментирајќи дека е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателот никаде во светот, вклучително и во непризнаени земји. Според нив, имало тенденција да се испровоцира делегацијата на Република Косово и да се предизвика инцидент.

На тоа реагираше ТАВ Македонија, од каде објаснија дека Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на македонската Влада, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи.

Од тука категорично ги отфрлија наводите дека нивен вработен се обидел да го одземе телефонот на Вјоса Османи, објаснувајќи дека и бил побаран телефонот со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген.

„Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот“, велат од ТАВ Македонија.

Гаши претходно денес истакна дека интервенирал со цел да се смират страстите и да не избие дипломатски скандал.

Според него, на крајот се’ се завршило како што треба, а доколку некој ги пречекорил областувањата треба да одговара.

Прашан од новинарите во кое својство реагирало неговото обезбедување, тој рече дека тоа отишло да ја смири ситуацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK