Гаши за Илинден повика на обединување: Патриотизмот е многу повеќе од говорница, нашата сила е различноста

afrim-gashi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На обединување повика претседателот на Собранието, Африм Гаши во својот говор по повод чествувањето на Илинден пред Собранието во Скопје.



Гаши рече дека како мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална, нашата држава е уникатен гоблен извезен од сите различности, а тие различности се темелот врз кој се развива и напредува и денес нашата држава.

Тој апелираше да не се губи енергија на несуштински и споредни моменти, туку да се фокусираме на реформи и напредок во образованието, здравството, судството, дигитализацијата и прашања значајни за посветеност и прашања од чие одобрување зависи и подобрување на квалитетот на секојдневието на граѓаните на Северна Македонија.

„Да се издигнеме над состојбите и да најдеме фактори на обединување наместо на разединување. Нашата сила како општество се состои од нашата различност. Мозаикот на култури, јазици и традиции што ја сочинуваат Северна Македонија не е само доказ за нашето богато наследство, туку основа за нашата иднина. Во овие предизвикувачки времиња ние мора да се здружиме, надминувајќи ги етничките и културните граници. Нашето единство е нашето најголемо богатство и токму преку ова единство ќе постигнеме величина“, рече Гаши.

Во таа насока додаде дека токму Крушевскиот Манифест од 1903 година е обединувачкиот документ за сите кои и сакале добро на нашата земја. Заложбата на Илинденците, видоизменета, трае и денес.

„Идејата која треба да нè обедини денес е патриотизмот и заедничката цел за подобра држава. Патриотизмот е многу повеќе од парола, многу повеќе од изјава за медиуми или говорница. Патриотизмот е искрена посветеност кон нашата земја и нашите граѓани. Патриотизмот е влог во државата преку чесна работа, добри одлуки, себе – вложување за доброто денес и уште подобро утре“, рече Гаши од обраќањето.

Заклучи дека во овие 30 години научивме дека минатото се памети, а се работи за иднината.

Гаши се осврна и на евроинтеграциите потенцирајќи ја увереноста дека ние ќе изнајдеме решенија, сила и волја и на тој пат, за да ги надминеме и час поскоро да бидеме членка на ЕУ.

„Нашето членство во Европската Унија не е само политичка цел; тоа е посветеност на збир на вредности и принципи кои ќе ја унапредат нашата држава. Патот до членство во ЕУ е пат кон економски просперитет, социјален напредок и посилна демократија. Тоа е патување кое бара посветеност, напорна работа и колективна одговорност“, рече Гаши.

Само со здрави темели, може да се изгради здрава и напредна држава. Да чиниме се’ што чинеа великаните кои ја создадоа државата во која живееме денес, како Методија Андонов Ченто и Неџат Аголи, да оставиме белег, вели Гаши, на кој што ќе се гордеат нашите предци и пример доследен за поколенијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK