Гаши за инцидентот на аеродромот: Се’ се заврши како што треба, ако некој згрешил треба да одговара

Gashi.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, чиешто обезбедување се вемашло на скопскиот аеродром вчера кога косовската претседателка одбила безбедносни проверки, вели дека интервенирал со цел да се смират страстите и да не избие дипломатски скандал.


Според него, на крајот се’ се завршило како што треба, а доколку некој ги пречекорил областувањата треба да одговара.

„Правната држава нема смисла, ако не сме објективни и не ги почитуваме нашите закони и протоколи“, рече Гаши.

Прашан од новинарите во кое својство реагирало неговото обезбедување, тој рече дека тоа отишло да ја смири ситуацијата.

„Мојата заложба била и ќе биде да смирувам, да зближувам, а не да делиме и да правиме инциденти“, рече првиот човек на законодавниот дом.

МВР вчера соопшти дека до инцидент дошло додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, поминувала гранична конторла пред нејзиниот лет.

Кога од неа било побарано да го остави телефонот и да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнало вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.

„По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнало да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. Притоа турнало и полициски службеник вработен на граничниот премин“, велат од МВР.

Кабинетот на Вјоса Османи, пак, соопшти дека спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром се обидело да и го земе личниот телефон на претседателката, но таа не дозволила.

На тоа реагираше ТАВ Македонија, од каде објаснија дека Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на македонската Влада, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи. Од тука категорично ги отфрлија наводите дека нивен вработен се обидел да го одземе телефонот на Вјоса Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK