Вчера активен, денес поранешен тенисер. Енди Мареј испрати проштална порака до тенисот – дека никогаш не го сакал
А како поинаку би можела да заврши кариерата на Енди Мареј?
Покрај тоа што освои две олимписки злата, три грен слем и уште многу други трофеи, Британецот беше познат и по смислата за хумор во текот на неговата кариера.
Практично во сите проштални видеа во кои некој од тенискиот свет кажува нешто за 37-годишникот од Глазгов, би се издвоило токму тоа – дека Енди има неверојатен смисол заа хумор.
Неговата прва порака на социјалните мрежи откако го напушти теренот и се збогуваше со „белиот спорт“ беше токму таква.
„Не се согласуваме“, напиша ВТА.
„Знаеме дека тоа не е вистина“, изјави Ролан Гарос.
„Затоа што го обожаваш!“, е мислењето од АТП.
„Забележавме, но благодарам што се обидовте“, се пошегува еден фан.
„Ова е совршен крај на една неверојатна кариера, уживај во пензијата господине“, додаде друг.
Конечно, Мари само малку го промени својот опис на профилот на Твитер.
Наместо „Играм тенис“ напиша „Играв тенис“.
Never even liked tennis anyway.
— Andy Murray (@andy_murray) August 1, 2024