Крадец од Холандија провалил во куќа, па си зготвил колбаси, полицијата го фатила на дело

kolbasi-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандската полиција фатила гладен провалник на дело во градот Етен-Лер во провинцијата Северен Брабант.


Полицајците кои реагирале на дојава за кражба на куќа, го фатиле крадецот како подготвува колбаси, во куќата во која провалил, соопшти локалната полиција.

„Бизарен расплет на настаните. По кражбата осомничениот бил пронајден како пржи колбаси во куќата“, соопшти полицијата на „Икс“, откако го фатила провалникот на лице место.

Полицијата го привела осомничениот и го привела на распит во полициска станица. Како „доказ“ ги заплениле и колбасиците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK