Кабинетот на Вјоса Османи: Обезбедувањето на аеродромот се обиде да ја турне и да и’ го земе телефонот

Нападната-вработена-на-скопскиот-аеродром.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кабинетот на косовската претседелка, Вјоса Османи, се огласи за инцидентот на скопскиот аеродром.



Од тука велат дека спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром се обидело да и го земе личниот телефон на претседателката, но таа не дозволила.

„И покрај образложението на правилата што тимот на претседателката му ги соопштила на аеродромскиот функционер, тој се обидел физички да ја турне претседателката, при што косовската полиција била принудена да реагира за да го отвори патот. Ваквото однесување на вработените на македонскиот аеродром е спротивно на секоја меѓународна практика, според која шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети. Прекршувајќи ги овие правила, македонската страна ја одзеде личната чанта на претседателот. Иако тоа беше спротивно на правилата, тимот на претседателот го дозволи тоа за да може претседателот да влезе на аеродромот, поточно во ВИП салонот, кој беше резервиран од нашата амбасада, како што е практика за патувањата на шефовите на држава“, велат од кабинетот на Османи.

Кабинетот нагласува дека од безбедносни причини не е дозволено предавање на личниот телефон на кој било начин. Обвинуваат за арогантно и насилничко однесување на службеникот на скопскиот аеродром, коментирајќи дека е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателот никаде во светот, вклучително и во непризнаени земји. Според нив, имало тенденција да се испровоцира делегацијата на Република Косово и да се предизвика инцидент.

„За овој дипломатски скандал предизвикан од македонска страна, претседателката го известила претседателот на Собранието,Африм Гаши, кому му се заблагодарува за понудената помош“, велат од кабинетот на Османи.

Од Министерството за внатрешни работи, за случајот информираа дека кога oд Османи било побарано да го остави телефонот и да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнало вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.

„По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнало да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. Притоа турнало и полициски службеник вработен на граничниот премин“, велат од МВР.

Гааши пак коментира дека неговото обезбедување само ја смирувало ситуацијата, додека од ТАВ Македонија велат дека се работи за стандардна безбедносна проверка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK