Елјеса Незири официјално ја презеде функцијата в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
По преземањето на функцијатa, Незири изрази подготвеност да ги реализира сите нови планови и проекти. Рече дека клучно прашање ќе биде унапредувањето на правата на интелектуална сопственост.
Незири ја изрази својата решеност ефикасно да ги исполни своите должности, тесно соработувајќи со неговиот тим, како и со сите институции внатре и надвор од државата за постигнување на заедничките цели.
-Од исклучителна важност е поддршката на иноваторството во решавањето на актуелните предизвици вклучувајќи го при тоа и потенцијалот на младите иноватори да пронаоѓаат и да поттикнуваат промени за подобра иднина. Движејќи се по ваква патека секако дека ќе дадеме придонес кон растот на националната економија и создавањето услови младите да ги реализираат своите таленти во земјава” истакнува в.д. Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Незири.