„Стандард и Пурс“: Инфлацијата забавува, девизните резерви и натаму растат, а банкарскиот систем е стабилен

standard_purs_43534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Инфлацијата и натаму се приспособува и забавува, сведувајќи се до 3,2 % во јуни 2024 година, што е одраз на соодветната монетарна политика што ја спроведува Народната банка и ублажувањето на увозните ценовни притисоци. Девизните резерви и натаму растат, достигнувајќи ниво од 4,3 милијарди евра. Банкарскиот сектор е стабилен и профитабилен, со ниско ниво на нефункционални кредити, а регулаторните мерки придонесоа за задржување на финансиската стабилност“.

Ова се накусо заклучоците за монетарниот дел и за состојбите во банкарскиот систем на реномираната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во најновиот извештај во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“, со стабилен изглед.


Според оцените на Агенцијата, годинава се очекува дека просечната инфлација во земјава ќе изнесува 3,5%, но се проценува дека инфлациски притисоци би можеле да произлезат од затегнатоста на пазарот на трудот или од неповолните геополитички случувања. Воедно, се очекува дека девизните резерви и натаму ќе бидат стабилни, поткрепени со одржливи приливи на странски директни инвестиции и надворешно задолжување на државата.

Во извештајот се наведува дека за годинава се очекува умерен економски раст од околу 2,5%. Според Агенцијата, растот би достигнал приближно 3% до 2027 година, поттикнат од очекуваниот пораст на странската побарувачка и зајакнувањето на кредитната активност. И покрај слабиот економски раст во последниве години, во извештајот стои дека значително е намалена стапката на невработеност, којашто изнесува 12,9% во првиот квартал од годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK